Без оглед на исходот на законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, Алијанса за Албанците останува во Владата.
За „Слободен печат“ Лога вели:
„Вадата продолжува со полн капацитет да се справува со сите предизвици до крај. Како ќе гласаат пратениците е загарантирано со Устав’.
Извесно е дека и пратеници од СДСМ ќе гласаат против законот за амнестија, а дали најавата ќе се потврди ќе зависи од координацијата која пратеничката група ќе ја има пред почетокот на собраниската седница на која на дневен ред е предлог законот за амнестија.
Пратениците на СДСМ од старт имаа отпор за законот за амнестија.
По информацијата на „Слободен печат“ дека со амнестија ќе бидат опфатени и помагачите во „Монструм“ Хаки и Фејзи Азири, прво Ковачевски најави амандманса интервенција на законот во тој дел, а завчера тоа го потврди и заменик министерката за правда Викторија, Аврамовска Мадиќ.
