Гад Скопје и градоначалникот Петре Шилегов кои одложија или откажаа повеќе сериозни проекти на социјалните мрежи се пофалија со 8 железни цевки кои се забетонирани во старата Турска чаршија.
Се работи за држачи за велосипеди кои според објавата се десетина а реално помалку од 10.
“Во рамки на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија, деновиве, беа поставени десетина паркинг држачи за велосипеди”, пишува во објавата на град Скопје.
За жал ниту железните цевки одговараат на архитектонскиот амбиент на објектот изграден во 15 век ниту пак градот се потрудил да ја реанимира средината полна со дупки во која се закопани осумте железни цевки на кои треба да се потпираат велосипеди. Од нив најмалку една како што се гледа на сликата е криво поставена.
Градот не објави колку пари се потрошени на “проектот”.
Во рамки на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија, деновиве, беа поставени десетина паркинг држачи за велосипеди. pic.twitter.com/P66Fh5xLuh
— Град Скопје (@CityofSkopje) September 25, 2020
Како тоа се прави во светот
https://images.app.goo.gl/TfPL7aZGKGjTbymF7