Шилегов проба да ја исмее Арсовска, па се соочи со канонада од реакции

„Тешки времиња“ за поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов по обидот да ја исмее наследничката Данела Арсовска со автобусот од „Кој тоа таму пее“, алудирајќи на нејзиното предизборно ветување за бесплатен автобуски превоз во главниот град.

Дел од реакциите под неговата објава на Твитер:

„Пеце, пушти некоја слика од Маврово од вилата да видиме како си ја средил“;

„Закон си Петре. Би сакал да ти ја имам самодовербата. Тежок кловн, те збриша жена на избори, а гордо трици јадеш и демек тролаш. Never change“;

„Ова е она што ти му го остави на Скопје по 4 години владеење и 1 година опозиција“;

„Тужна је твоја судбина од кад ниси ту“;

„Перице, куќата дивоградба (спрат и пол) си ја легализираше и сеа лабаво мајтап си тераш!
Ти чуе…“;

„Хахаха, ме изнасмеа, а бе остај политика, помини, чувам уште од таа 20-годишната од дедо ми“;

„ШилегOFF“;

„Петре, а да си признаеше пораз и да објаснеше зошто и како изгуби на избори од менаџерката, во post mortem стил како секој добар аналитичар и да одјаваше во далечината еднаш засекогаш?“.