Шилегов прашал каде да сади, добил незгоден одговор

Во обид да се прикаже дека го слуша гласот на граѓаните градоначалникот на Скопје Петре Шилегов јавно поставил прашање до граѓаните каде да сади зеленило во главниот град.

На ова “Пи-Ар” прашање скопска архитектка го потсетува дека досега тој дал или се потрошени толку многу пари за поголем број ваков вид истражувања и воопшто не мора да ги прашува граѓаните.

Архитектка открива дека досега Шилегов имал информации од 4 различни стратешки документи на оваа тема.