Шилегов од Будимпешта набавил противпожарна скала за 1,7 милиони евра

Според документот објавен на социјалните мрежи кој никој не ги демантира градоначалникот на Скопје Петре Шилегов набавил специјална противпожарна механичка скала со цена од околу 1,7 милиони евра.

Скалата е набавена од Будимпешта.

Документот е објавен од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашниот скандал кај Галичник каде противпожарно возило кое требаше да го гасне огнот во близина на селото беше влечено од теренско возило.

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов веднаш му реплицираше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го обвини дека при сомнителен тендер набавил противпожарна автомеханичка скала вредна 1,7 милиони евра.

-Додека ти Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани!, напиша Шилегов на фејсбук.

Поврзана вест

Пожарот кај Галичник откри уште еден скандал – Каде се “Ер Тракторите”?