“Скопје започна да уништува една од атракциите на северномакедонската престолнина – лажен брод -ресторан во коритото на реката Вардар, изграден од Бугарин кој до неодамна се користеше како ресторан”, објавуваат повеќе бугарски медиуми користејќи ја навредливата придавка Северномакеднски.

“Галијата е една од трите што беа поставени во 2016 година по мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ од владата на Никола Груевски. Градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, вети дека ќе ги отстрани трите бродови кога ја презеде функцијата пред четири години, но удри само на еден изграден од бугарска компанија”, пишуваат бугарските медиуми.

“Првата од 3 -те галии во коритото на Вардар почна да заминува во историјата !!! Скопје, поинаква приказна!”

Ова го напиша градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својот Фејсбук профил. Тој објави и неколку фотографии кои покажуваат како изгледа внатрешноста на бродот и како работниците расклопуваат и вадат парчиња.