Шилегов објави: „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“ се враќаат во нашето Скопје!

Скопскиот градоначалник објави дека Град Скопје ја усвоил листата од 571 ново име за улици на македонската престолнина.

„Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје.

‘Мексичка’, ‘Ленинова’, ‘Железничка’… се враќаат во нашето Скопје!!!“, егзалтирано потврди „градскиот татко“ на истекот од денот во кој македонската јавност се занимаваше со мистериозното појавување на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, пред Јавното обвинителство откако два дена беше баран дури и со меѓународна потерница.