Шилегов: Некој оди во Будимпешта за безбедноста на Скопјани

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, му реплицираше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го обвини дека при сомнителен тендер набавил противпожарна автомеханичка скала вредна 1,7 милиони евра.

-Додека ти Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани!, напиша Шилегов на фејсбук.

Шилегов од Будимпешта набавил противпожарна скала за 1,7 милиони евра