Деталниот урбанискитчки план за просторот кај езерото Треска е веќе донесен и тоа што моментално се случува таму веројатно е негова имплементација, рече во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Кога беа почнати разговорите додадовме како вредност Треска на извесен начин да стане државен проект, што значи дека ниту е моето право, како градоначалник на Скопје, ниту е на господинот Беџети да управува сам со тој систем, туку е државен интерес и она што се случува сега е реализацијата на Деталниот урбанистички план и мислам дека таму се на крај и разговорите со инвеститорите“, рече Шилегов во гостувањето на Алсат М.
„Владата уште во 2017 година одлучи тоа место да стане туристичка зона, а со тоа задолжение доби Оптшина Сарај, да донесе детален урбанистички план и да се влезе во реализација. Тој се донесе и веројатно она што сега се случува на терен е имплементација“ рече градоначалникот на Скопје.