Шилегов ќе прави паника за да испрати порака

Утринава во 5.17 часот ќе се одржи герила аудио – акција што ќе трае 60 секунди, со што ќе бидат обележани 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој се случи на денешен ден.

Идејата на оваа акција е да се потсетат граѓаните на Скопје на трагедијата и да се додаде нова димензија на одбележувањето на годишнината од земјотресот.

Аудио-акцијата се вика „Разбуди се Скопје“ и ќе се одвива на повеќе на повеќе локации низ градот. Автомобили со сирени ќе тргнат од Порта Влае и од Музејот на современа уметност.

Тие што не слушнале за најновата акција на Петре Шилегов и ќе ги фати паника од сирените, апчиња за смирување можат да си купат во дежурните аптеки или да почекаат до отворањето на тие што отвараат во 07 часот.