По обвинувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Град Скопје реализирал коруптивен тендер при набавка на противпожарна скала за Бригатата за противпожарна заштита, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска побара од Државната комисија за спречување на корупцијата да ги испита сомнежите за постоење корупција и судир на интереси при реализација на набавката.

– Со цел спречување на ширењето лажни вести и дезинформирање на јавноста, побаравме од ДКСК, преку своите механизми, да спроведе постапка за утврдување на наводните нерегуларности и на тој начин да ги информираме граѓаните на Скопје за уредноста на постапката при набавката на ваквата противпожарна скала – изјави денеска Шилегов.

Тој потсети дека ова е прв пат Бригадата за противпожарна заштита во Скопје да набави ваква софистицирана опрема.
Со неа можат да интервенираат на објекти кои имаат повеќе од 5 ката, нешто што досега беше невозможно поради немање соодветна опрема. По 27 години, оваа градска администрација инвестира во опремата за хероите на Градот, а и во безбедноста на сите граѓани на Скопје. Станува збор за набавка спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траеше 6 месеци и чија вредност изнесување 1,7 милиони евра со ДДВ – рече Шилегов.

Шилегов обвини дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку својот фејсбук профил ширел невистинити информации за начинот и висината на цената на набавката на противпожарната скала.

-Профил кој беше посочен од страна на ЕУ како „извор на лажни вести“ – наведува Шилегов.
Станува збор за меѓународен тендер кој траел 6 месеци и чија вредност изнесување 1,7 милиони евра со ДДВ.