Шилегов и Марин поканети на “Руски рулет” (ВИДЕО)

Жител на скопската општина Аеродром Јован Карчивски ги кани градоначалниците на фигуративно игра на преживување.

Карчовски реагира на хаосот што настанува на една од главните сообраќајници во Скопје поради не функционалноста на сообраќајната сигнализација.

“Петре Шилегов и Златко Марин, ајде да играме руски рулет. Кој ќе го помине булеварот, ќе остане жив. Повеќе од една недела не работат семафорите на булеварот што го носи името на народниот херој Видое Смилевски- Бато. Денес, во 2021 година, треба да си вистински урбан херој за да можеш да го преминеш булеварот без да настрадаш. И овде ли ќе се правдате со проектни документации, технички параметри и дека глушецот го изгризал кабелот?!? Срамота!”, пишува Карчовски во реакцијата за опасната раскрсница.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=143613724445330&id=100063901097476