Полицијата во југозападниот англиски град Плимут синоќа соопшти дека се случил „сериозен инцидент со огнено оружје“ со жртви, објави Би-би-си.
„Неколку лица загинаа на лице место, а неколку други жртви добија медицинска помош“, соопшти полицијата.
Подоцна беше разјаснето дека шест лица загинале, вклучувајќи го и напаѓачот, кој бил застрелан од полициските службеници.
Меѓу загинатите е и дете на возраст од 10 години.
Гардијан објави дека причината за пукањето најверојатно е семеен конфликт.
