Најмалку шест лица загинаа предградие на Чикаго, за време на парадата на вчерашното одбележување на 4-ти јули, Ден на независноста што се слави во САД.

Уапсен е извесен Роберт „Боби“ Кримо Трети, 22-годишник осомничен дека е извршител на пукањето во кое имало и триесетина повредени.

Полицијата првично соопшти дека најмалку пет лица биле убиени, но командантот Крис О’Нил подоцна изјавил дека шест лица се мртви и 26 повредени на возраст од 8 до 85 години.

Вчерашниот напад е 308-мо масовно пукање во САД од почетокот на годината, покажуваат податоците од Архивата за огнено насилство.