Министерот за здравство Венко Филипче вечерва објави дека шестмина од 12 тестирани денеска се позитивни на тестот на коронавирус.
Со тоа бројот на регистрирани случаи се искачи на 19, од кои една пациентка е веќе излечена.
Петмина од новозаразените се од Дебар. Според Филипче, сите тие се со лесна клиничка слика и нема да бидат транспортирани во Скопје.
Шестиот нов заразен со коронавирус е патничка што се вратила од Шпанија. Таа според Филипче била свесна за симптомите била соодветно третирана и нема опасност дека можела да зарази други граѓани.