Нафтениот и гасниот гигант „Шел“ објави рекорден годишен профит откако цените на горивото се зголемија минатата година по руската инвазија на Украина.
Добивката достигна 39,9 милијарди долари во 2022 година, што е двојно повеќе од минатогодишниот и највисок во 115-годишната историја на компанијата, објави Би-Би-Си.
Енергетските фирми забележаа рекорден профит бидејќи цените на нафтата и гасот пораснаа по инвазијата на Украина.
Цените на енергијата почнаа да растат по завршувањето на заклучувањето на СОВИД-19, но нагло се зголемија во март минатата година, откако настаните во Украина доведоа до загриженост за снабдувањето. Цената на суровата нафта од типот „брент“ достигна речиси 128 долари за барел по инвазијата, но оттогаш падна на околу 83 долари.
Годишниот профит далеку го надмина претходниот рекорд на Шел, поставен во 2008 година.
Компанијата исто така објави дека им исплатила 6,3 милијарди долари на своите акционери во последните три месеци од 2022 година и дека планира да откупи уште 4 милијарди долари во акции.