Шекеринска се пофали дека 133. земја по воена моќ „успешно ја заокружува првата година во НАТО“

Наспроти падот од шест места во однос на лани и од дури 31 позиција за десет години според индексот на воената моќ на „Глобал фајрпауер“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска со нова фалба.

Според „Глобал фајрпауер“, организација што ги рангира државите врз основа на 50 критериуми, Македонија на листата за 2021 година е 133. од 139 земји опфатени во поредокот. Лани беше 127., во 2018. се најде на 118. место, а во 2001 година на 102.!