Шекеринска конечно кажа Македонија!

Само пет дена од Конгресот на СДСМ по кој повеќе не е потпретседателка на владејачката партија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска си дозволи да каже Македонија во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, иако во речиси секоја пригода досега користеше изрази од типот „нашата земја“, „армијата“, „нашите војници“ итн.