Шеикот од Арабија денеска на средби со Пендаровски и Џафери

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура денеска ќе оствари средба со претседателот на државата Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, а по средбата ќе присуствува и на потпишување во Книга на впечатоци.

Саудиуската делегација предводена од Мухамед АлШеикх во земјава ќе престојува до петок.

Поради посетата  во Скопје до сабота ќе има променет режим на сообраќај, соопшти МВР.