Конфликтот меѓу Евгениј Пригожин, шеф на злогласната руска приватна платеничка компанија „Вагнер“ и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу продолжува.
Пригожин со недели се жали дека руското Министерство за одбрана не доставува доволно муниција на неговите платеници, кои со месеци се обидуваат да го заземат украинскиот град Бахмут.

Тој сепак денеска објави писмо во кое цинично го повикува Шојгу да го посети Бахмут.


„Почитуван Сергеј Кужугетович,

Во моментов, единиците на приватната воена компанија Вагнер контролираат повеќе од 95% од населбата Бахмут и продолжуваат со офанзивните операции со цел целосно ослободување. На крилата на Вагнер, каде што се наоѓаат силите на вооружените сили на Руската Федерација, непријателот започна серија успешни контранапади.

„Имајќи ја предвид моменталната тешка оперативна ситуација, исто како и вашето долгогодишно искуство во борбени операции, ве повикувам да дојдете на територијата на Бахмут, која е под контрола на паравоените единици на Руската Федерација, и самостојно да ја процените моменталната Однапред ви благодарам, ја очекувам вашата согласност“, се вели во писмото до рускиот министер што Пригожин го објави денеска.