Директорот на Агенцијата за разузнавање Виктор Димовски за два дена мора да се појави на сослушување организирано од претседателот на собраниската комисија за надзор на тајните служби Љупчо Пренџов.
,,✅ Утрово свикав итна Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред “Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство”
– Комисијата ќе се одржи во среда 16.11.2022 и на истата е повикан директорот Виктор Димовски”, објави Пренџов утрово.
Претседателот на комисијата вели дека
директорот Димовски мора да објасни како е можно секој втор белосветски хохштаплер и криминалец да има македонски пасош и државјанство.
Димовски е директор на една од четирите институции кои дале позитивни мислење за издавање на пасош на украинскиот Русин со узбекистанско потекло Александар Онишченко кој е на црната листа на САД а бил добредојден од македонската влада во земјава.
Димовски деновиве требаше да замине на амбасадорска функција во Париз.