Шефот на СЗО најавува „нови соеви“ на коронавирусот

Генералниот директор на СЗО Тедорос Адан Гебрејсус, испратил преупредување до светските лидери дека пандемијата на корона висусот “не ни но приближно на крајот“, во услови кога некои европски земји бележат рекорден број нови случаи поради сојот омикрон.

Тој на конференција за новинари во средиштето на СЗО во Женева, рекол дека сојот омикрон предизвикал 18 милиони нови инфекци во светот во текот на минатата недела, пренесува ББЦ.

Иако овој сој може да се покаже помалку сериозен, “погрешен е наративот дека е во прашање блага болест“, порачал тој.

Омикронот предизвикува хоспитализација и смрт, па дури и помалку тешки случаи кои ги преплавуваат здравствените институции – изјавил директорот на СЗО.

Тој истакнува дека е многу загрижен поради фактот што многу земји имаат ниска стапка на вакцинирани, кои се ризични на тешки заболувања и смрт ако не се вакцинирани.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајк Рајан предупредил дека зголемената преносливост на омикрон вероватно ќе доведе до пораст на хоспитализација и смрт, посебно во земјите во кои луѓето се помалку вакцинирани.

Истовремено во Европа се бележи рекорден број случаи поради брзото ширење на сојот омикрон на Стариот континент.