Евгениј Пригожин, првиот човек на приватната руска паравоена група Вагнер, најави дека следната година ќе се кандидира за претседател на Украина.
Тој го објави ова во видео порака на каналот на Телеграм:
„Гледајќи сè околу мене, имам политички амбиции. Решив да се кандидирам за претседател во 2024 година. За претседател на Украина…
Тој додаде дека очекува да се натпреварува за оваа позиција со поранешниот претседател Петро Порошенко и актуелниот претседател Володимир Зеленски.
Ако победам на претседателските избори во Украина, момци, тогаш сè ќе биде во ред, гранати нема да бидат потребни“, рече тој.
