Зборувајќи за скандалот Онишченко шефот на собраниската комисија за Надворешна политика Антонио Милошоски во емисијата ,,Заспиј ако можеш”, предлага наместо во Париз директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да оди во Москва.

“После овој скандал со македонското државјанство дадено на рускиот разузнавач Онишченко, наместо во Париз, подобро е директорот на АНБ Виктор Димовски да биде испратен за амбасадор во Москва, Белград или Каиро, каде веројатно ќе добива подоверливи информации. Бидејќи во Франција или во НАТО тој како разузнавач веќе нема кредибилитет за со него да споделуваат сензитивни безбедносни информации”, вели иронично Милошоски.

Димовски кој 3 години е шеф на најмоќната тајна служба уште во јули доби агремани за заминување како амбасадор во Париз но таму не замина затоа што СДСМ не може да избере новк директор на АНБ.

Димовски допрва треба да се појави пред собраниската комисија за надворешна политика ануказот за негово испраќање треба да го потпише претседателот Пендаровски.

Целата емисија Заспиј ако можеш со Милошоски