Шефот на кабинет на Шилегов призна дека му барале непристојни услуги

Шефот на кабинетот на градоначалникот на Скопје Никола Наумов открива дека многу потенцијални гласачи му барале услуги поврзани со градот Скопје.

“Се надевам дека еден ден нема да работам за Град Скопје па ќе можам отворено да ви кажам кој све какви непристојни услуги бараше од мене сиве овие години. Пајаче, терасиче, инверторче, дуќанче, бројче за даноци, вработување…

Едно време се надевав дека моите одбивања ќе им значат нешто после неколку години и дека ќе гласаат „за“ на следните избори заради принципиелното „не“. Ама не, маќедонци се тоа, ги гледам више отидоа у вмро/левица и блујат на сите страни за привилегии и криминали”, пишува Наумов на Твитер.

Во коментарите на Наумов му се сугерира да ги пријави за корупција сите што му барале непристојни услуги согласно кривичниот законик.

Сите коментари на твитот: