Шефот на кабинет на Груби фатен по поминување патарина со службено возило без да плати

Шефот на кабинетот на првиот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби е еден од 32 лица фатени вчера и санкционирани за злоупотреба при наплата на патарина, дознава „А1.он“.

Тој ја поминал патарината кај Миладиновци со службено возило, со нелегално поставени флешери, без да плати.

Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.