Првиот човек на Институтот за демократија Марко Трошановски кој го промовираше извештајот според кој Македонија добила катастрофален предлог од Брисел за бугарските барања, објавува дека македонскиот јазик воопшто го нема во предлогот за кој владата вели дека треба да се прифати.

Трошановски кои важи за експерт за овие теми а кој предходно застана зад Преспанскиот договор тврди дека треба да се очекуваат гнасни игри околу македонскиот јазик кога ќе дојде време да се третира во соодветното поглавје.


,,МАКЕДОНСКИОТ Јазик не е чист!!! Официјалниот јазик на земјата кандидат ЕУ го признава во поглавје 34. Него го нема во предлогот што го фали владата. Кога ќе дојде време да се отвори/затвори, немаме гаранција- ќе биде многу гнасно и далеку од чисто”, пишува Трошановски.

За него и за уште неколку претставници на невладиниот сектор кои го критикуваат францускиот предлог премиерот Ковачевски упати погрдни и навредливи зборови од прес конференција во Брисел кога го отфрли францускиот предлог.