Најавеното основање партија на Бугарите во Македонија доби поддршка од бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, според кој „тоа е единствениот и правилен пат“ сонародниците во соседната држава да ја обезбедат својата афирмација.

„Тоа е нивно право, со оглед на тоа дека Уставот им го дава. Сметам дека тоа е правилниот пат по кој тие треба да ги заштитуваат своите права заедно и со бугарската држава“, рече шефот на бугарската дипломатија за време на 16. Светска средба на бугарските медиуми, која се одвива во Рилскиот манастир.