Шефот на АР, Муслиу, во напад на министерот за полиција Чулев за Диво Насеље

Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу со изјава за ТВ 21 се стави во комплицирана ситуација на конфликт со новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев откако обвини дека од него бил спречен да собира податоци за Диво Насеље.

Со тоа Муслиу кој не дава никакви докази за своето тврдење, ризикува да докажува како Чулев го спречил и дали има усмена или писмена наредба со која бил спречен или заобиколен да собира податоци за инцидентот во која загинаа 8 македонски полициски специјалци.


Доколку се утврди дека Муслиу лаже и нема докази дека бил спречен од Чулев тој ја компромитира Агенцијата за разузнавање која ја води но и целиот безбедносен систем.

Доколку имаше докази СДСМ која преку Пендаровски го постави Муслиу за шеф на АР досега можеше да поведе постапка против Чулев но тоа досега не се случи.

„Не знам која беше целта на тогашниот директор да ме заобиколи во процесот на собирање на информации, грешка е во постапките и оваа работа наскоро ќе се разјасни“, вели актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во изјава за ТВ21.

Муслиу за ТВ21 додава дека имало внатрешна истрага во Агенцијата за разузнавање за случувањата во Куманово, но одбива да каже дали Наќе Чулев има кредибилитет да биде на чело на МВР 100 дена.

„Мојата изјава е јасна. Како што ветив и зацртав пред себе и раководниот кадар, ние работевме и завршивме една обврска. Внатрешната истрага за неколку случаи од минатото, не толку далечно, во Агенцијата за разузнавање заврши. По ова, ги информиравме надлежните органи“, додава Муслиу за 21.

Кои се надлежните органи и зошто тие не повеле мерки против Чулев доколку Муслиу ја говори вистината можат да утврдат повеќе државни институции.

Доколку Муслиу кој е назначен од претседателот Пендаровски лаже за наводната спреченост од Чулев тој се става во незгодна ситуација и самиот но и шефот на државата кој треба да му верува и во иднина.

Против Муслиу во моментов има предмет во Државната Антикорупциска комисија за можна корупција.