Десната рака на Шилегов со напад врз покојниот великан Горан Стефановски

Шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со забелешка за историските факти кои интервју ги искажал покојната легенда на македонската драматургија Горан Стефановски.

Функционерот на СДСМ и внук на Радмила Шеќеринска, Никола Наумовски кој го води кабинетот на градоначалникот на Скопје смета дека покојниот Стефановски грешел кога зборувал за локацијата на античкиот град Хераклеја во Македонија, за Охрид, за првиот автопат Виа Игнација што минувал низ Пелагонија, за чувството на драматургот дека е дел од најдлабокиот свет.

Наумовски во својата порака на денот кога е роден Стефановски си дозволува на великанот да му прави психолошки профил постхумно обвинувајќи го дека е гастербајтер кој морал да се докажува пред своите домаќини и затоа користел таков говор.

“Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас”, вели во едно интервју Стефановски кое го цитира функционерот на СДСМ Наумовски а неговите зборови ги класифицира како национализам.

“Национализам. Ама здрав. Својствен за гастербајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорни историски факти”, пишува десната рака на Шилегов за легендарниот Горан Стефановски.