Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес ќе допатува во посета на Скопје.
Ова за МИА го потврдија високи дипломатски извори на ЕУ, јави дописничката од Брисел.
Како што дознава МИА, целта на посетата на Мишел е да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на унијата за интегрирање на Северна Македонија.
