Шамбевски до ЛГБТ заедницата: Ќе ве преживееме и вас

Поранешниот амбасадор во Ватикан и Рим, Оливер Шамбевски, реагираше на сексуалниот „перфорфманс“ на домашната ЛГБТ заедницата, откако на социјалните мрежи осамнаа скандалозни фотографии направени во Музејот на современа уметност.

На настанот клој е во склоп на „Недела на гордоста“, имаше и фотографија од гол маж облечен во православна свештеничка облека а до него гол светец на кој е истакнат половиот орган, што предизвика бурни реакции кај многумина.

„Епитрахилот е најважниот дел од свештеничката облека, без него свештеникот не смее да одржи никаков обред, затоа да се ругаш со него е голема навреда и сквернавење за христијаните… ама знаете што… Христос и христијанството истрпеле многу ругања… го преживеале и Нерон и Диоклецијан и Сталин и многуте комунистички комесари и комесарчиња… а знаете зошто христијанството сепак преживеало“- пишува Шамбевски на Фејсбуки продолжува: .
„Едноставно затоа што суштината на вербата христијанска е слободата и љубовта… затоа што христијаните го мразат гревот, а не грешникот, затоа што слободата е христијански принцип што го немате нигде на друго место… затоа што простуваме оти не знаете што правите, простуваме искрено и кога знаете што правите оти не е наше да судиме. Искрено мислам дека во овој случај користејќи го епитрахилот во вашите баханалии покажувате дека вие само сте возгордеани, а не баш дека заете што правите. А ако сепак знаете тогаш… па тогаш сами си го бирате местото на маргините оти никој не може да има разбирање за потребата да бидеш деструкивен и да навредуваш и омаловажуваш се околу себе, а да бараш да бидеш почитуван… едноставно многу жално изгледа тоа.
А знаете зошто ќе ве преживее и вас и таквите како вас? Ќе ве преживее затоа што не сте ниту први ниту оригинални во ругањето на христијаните… прочитајте за св. Ардалион Глумецот и за св. Порфириј Глумецот па ќе сфатите зошто е Христијанството религија на љубовта и слободната волја… и зошто… ама ај… “напиша Шамбевски на својот Фејсбук профил.