Шлаканица за Заев од Ципрас: Македонската нација никогаш не постоела

Грчкиот премиер не признава постоење на посебна македонска нација која што е различна од грчката.

Алексис Ципрас оваа теза ја пласира во интервју за неделното издание на „Етнос“.

Во интервјуто во кое тој меѓу другото зборува и за преговорите со Скопје, Ципрас најавува дека грчката влада е подготвена да го прифати Преспанскиот договор но тврди дека македонската нација никогаш не постоела.

Минатата недела македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров до Атина испрати нота во која се признава дека терминот “macedonian” кој ќе стои во пасошите согласно Преспанскиот договор не значи националност или етничка припадност туку само државјанство.