,, Северномакедонска” провокација од Сорос по средбите со Ковачевски и Груби од кој само еден му е добар пријател

Александар Сорос, син на американскиот магнат Џорџ, кој сега ја води фондацијата ,,Отворено општество” упати јавна провокација кон македонската јавност откако во јавните објави по средбите во владата во Скопје ја користеше придавката северномакедонски наместо македонски.

Во објавите од средбите со Ковачевски и Груби, Сорос јуниор освен навредливото именување на своите домаќини тој за вицепремерот вели дека му е добар пријател а за премиерот не вели дека му е добар пријател.

,,Одлично се запознав со мојот добар пријател северномакедонскиот вицепремиер Артан Груби. Разговаравме за #ОтворенБалкан и започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, ново поглавје на европскиот пат. С.Македонија е навистина светилник на надеж за Европа и Западен Балкан!”, напиша Сорос по средбата со неговото добар пријател Груби.

,,Одлично е што се вратив во Скопје со премиерот Ковачевски. Му честитав на почетокот на пристапните преговори со ЕУ и го пофалив за цврстата поддршка од Северна Македонија на Украина.
Разговаравме и за понатамошната добивка што с. Македонија ќе ги оствари преку Отворен Балкан пред Отворениот балкански саем за вино следната недела”, порачува Сорос по средбата со Ковачевски.