Амбасадорката на Кралството Шведска во Македонија, Ами Ларсон Џејн, им се придружи на францускиот претседател Емануел Макрон, на американскиот заменик на помошникот државен секретар Габриел Ескобар, на некогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, и други кои измислија „Северномакедонци“.
„Северномакедонците го посакуваат тоа што ЕУ го сака за нив“, рече Ларсон Џејн на „Преспа форумот за дијалог“ во македонското Министерство за надворешни работи, на што никој не реагираше.
Огромното мнозинство Македонци го доживуваат обраќањето со „Северномакедонци“ како тешка навреда, а таква формулација не предвидува дури ни Преспанскиот договор, со кој беше севернизирана Република Македонија. По налог на неговиот потписник Никола Димитров кога раководеше со МНР, беше објавено и упатство со појаснување за (не)употребата на овој термин.
За севернизирањето на Македонците во прилогот на ТВ Алфа на следниот линк: