Иако Горан Пандев ги закачи копачките на клин пред една година, италијанската Серија А не го заборави денешниот 40. роденден на македонскиот напаѓач што остави голема трага во најсилната фудбалска лига на Апенинскиот Полуостров.
На официјалниот профил на Твитер на Серија А во објавата за „Гранде Пандев“ се вклучени негови фотографии како играч на Лацио, на Интер, на Наполи и на Џенова, а во италијанската елита има играно и за Анкона, плус во Серија Б за Парма и во Серија Ц за Специја.