Саудиска Арабија приреди сензација на стартот од Светското првенство и ја победи Аргентина (1-2) во првото коло од групата Ц. Аутсајдерот беше во негатива, но успеа да запише големи три бода со два гола во вториот дел од мечот.

Аргентинците имаа целосна контрола врз мечот во првиот дел.

Лионел Меси го отвори Мундијалот со погодок од белата точка и донесе предност за својата репрезентација.

На пауза се замина со минимална предност за аргентинскиот состав.

Шокантен расплет на настаните донесе почетокот на второто полувреме. Салех Ал Шехри го матира Емилијано Мартинез и донесе израмнување за Саудиска Арабија по само три минути во продолжението.

Vториот гол пристигна експресно. Салем Ал Давсари одлично се проби и погоди за 1-2 во корист на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Гол.мк