Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска Јанковска на својата имотна листа го додала моторното возило „BRBCAN AM Outlander MAX XT-P1000 T 3 B ABS“, открива центарот за истражувачко нивинарство SCOOP.
Луксузното “оф роуд” возило за забава на 4 тркала се вози по планини, чини 15 илјади евра, а е во сопственост на нејзиниот сопруг.
„Се работи за ново моторно возило, уредно пријавено како нов стекнат имот на брачен другар, во вредност од 927.000 денари, за чија исплата, како што е наведено во образецот на ДКСК за пријавување промени на имотната состојба, е подигнат потрошувачки кредит со рок на подмирување до 2024 година“, велат од кабинетот на министерката Шеќеринска за SCOOP.
Целата сторија на SCOOP овде