Семејството е свето: Судир во власта за “Парадата на гордоста”

Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа на својот фејсбук – профил изрази неразбирање “каква гордост” се промовира на “Парадата на гордоста” денес во Скопје, велејќи дека ова е “во спротивност со традицијата на семејството и на моралните и традициоални вредности, кои се светост”.

Во неговата реакција на фејбук, која информативната агенција на албански јазик “Журнал” ја пренесува под наслов “Министерот Хоџа против премиерот Заев”, се наведува: “Начинот на живот е многу индивидуален и секој има право да живее како што сака. Тоа е демократија. Но, вредностите на семејството се над се. Тие се основа на една здрава иднина. Но, како родител јас не можам да најдам аргументи да им објаснам аргументи да им објаснам на моите три деца каква гордост се промоира на парадите што се најавуваат. Ги почитувам слободата и различните мислења за одредени теми, но јас како јавна личност и како политички претставник на Движењето БЕСА сметам дека институцијата семејство и моралните и традиционалните вредности за она што претставува семејство се нешто свето.”