Во интервјуто за ТВ Шења новинарот Насер Селмани разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на повеќе теми за кои досега не се говорело отворено во јавноста.
Слушајќи ги коалициските планови и антикорупциските принципи на Мицкоски врз основа на кои ќе владее ако добие можност на следните избори Селмани во еден момент на гостинот му предвидува дека ќе владее две децении.
,,Ако истраете во плановите ќе владеете 20 години”, коментира Селмани.
На ова Мицкоски одговара дека тоа не е планот затоа што по неколку години од тоа што ќе го направи на премиерската функција сака да се врати на факултет со своите студенти на Машинскиот факултет во Скопје.
Овој дел од интервјуто во кое Мицкоски открива голем дел од својата политичка стратегија во пресрет на изборите е по 31 минута од видеото
https://fb.watch/oNyVq6psLA/?mibextid=Nif5oz