„Коментирајќи го барањето на Алтернатива за меѓународна ревизија на случаите како што се ‘Монструм’, ‘Алфа’, ‘Диво Насеље’, ‘Алмир’, д-р Башким Селмани, професор на Правниот факултет на државниот Универзитет во Тетово, во дебатната емисија на ТВ Клан – Македонија оцени дека за ова прашање е потребен ангажман со сите правни средства, а не тоа да го прави еден политички субјект, една партија.“ – објави ТВ Клан-Македонија.

На својот интернет портал ТВ Клан пишува: „Во емисијата Селмани кажа: ‘Правилно би било да се бара амнестија од претседателот на државата, за да бидат ослободени луѓето поврзани со овие случаи. Не е добро субјектите да запаѓаат во измама на овие случаи. Албанците треба да создадат посебен сектор во рамки на Министерството за правда.“

„Од Алтернатива велат дека единствената причина поради која оваа партија инсистира да се решаваат монтираните случаи е тоа што граѓанинот нема доверба во судството. Тие бараат судството да излезе од канџите на политиката.“ – објави Клан – Македонија.