„Сметам дека клучот за победата на овие претседателски избори ќе бидат неопределените гласачи, за кои важен ќе биде пристапот и изборната програма.
Во тој поглед гледам предност кај професорката Гордана Силјановска Давкова која е вистински професионалец, има знаење и кредибилитет и од ден на ден ги освојува сe повеќе и повеќе симпатии кај неопределените гласачи“, вели Ерџан Селими, претседателот на „Роми обединети за Македонија во интервју за „Нетпрес“.
Тој вели дека неговата партија ѝ дава целосна подршка на Гордана Силјановска Давкова, која „н’е увери во нејзината компететност и капацитет дека институцијата претседател ќе биде чадор во чии закрила ќе бидат сите заедници, како што впрочем тоа го гарантира Уставот на државата“, вели Селими.