По историскиот пораз од Македонија, селекторот на грузиската репрезентација Владимир Вајс поднесе оставка.

Вајс покажа класа и во своето обраќање и го честиташе на Македонија историскиот пласман на Европското првенство, но сепак словачкиот стручњак ќе го памети поразот од нашата селекција и по големото понижување кое го доби од локалните новинари на прес-конференцијата.

Еден од грузиските новинари му рече дека е крајно повреден од поразот од Македонија и сериозно му забележа на Вајс што не направил замена до 80-та минута од средбата.

Истакнувајки дека не може да го слуша и дека зборува во име на повеќе свои колеги, тој и повеќето грузиски новинари го напуштија прес-центарот со што го понижија Вајс. (Дерби.мк)