Селекторот Ангеловски незадоволен: Заслуживме победа!

Иако македонската фудбалска јавност го смета за голем бодот освоен на гостувањето во Словенија, селекторот Игор Ангеловски не мисли така.



„Бевме подобри и имавме повеќе шанси од Словенија. Реми против таков квалитетен тим на негов терен е добар резултат, но според тоа што се случуваше на теренот, не можеме да бидеме задоволни. Заслуживме да победиме“, изјави популарниот Мрме по натпреварот во Љубљана.

„Словенија не ме изненади. Тактички играше добро и го играше својот стил на игра. Мислам дека станува збор за одлична репрезентација“, заклучи предводникот од клупата на македонскиот национален тим.