„Албанците, денес во 21 век, во 2020 година имаат недостиг на вода за пиење. Ова е сериозно. Срамно е што и денес, 30 години по независноста на Македонија и 18 години од Охридскиот договор, по сите тие изборни циклуси, ние сè уште водиме кампања со ветувања за вода за пиење“ изјави вчера Зијадин Села, за време на средбите на коалицијата „сега е време“ со граѓани na општина Желино.

„Во оваа ситуација не донесоа тие кои денес сакаат да ни го измијат мозокот со соништа. За 18 години тие ги имаат сите овластувања и не беа во можност да обезбедат вода за обичниот Албанец. Ние ќе го сториме тоа, но со ваша помош и доверба. Ќе го добиеме тоа што го заслужуваме и зависи од нас, така што на 15 јули да гласаме за промената, да го заокружиме бројот 5, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, да ја направиме државата за сите “, им порача Зијадин Села на граѓаните.