Села се пожали на ЕУ од владата на СДСМ и ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, испратил нон пејпер до високите функционери на Европската унија во кој изразува загриженост од неподготвеноста на оваа Влада да ги исполни барањата на ЕУ за владеењето на правото во сите сегменти на политичкиот живот во земјата.

Села, во документот “Напади на СДСМ–ДУИ врз владеењето на правото, кршење на европските вредности во име на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ”, истакнува сериозни забелешки на владата на СДСМ–ДУИ, која покажа неуспех во клучните прашања во врска со демократските и процесите за интегрирање на земјата кои се клучни за препораките на ЕУ за добивање на датум за преговори на Северна Македонија со ЕУ.


Во документот кој е е испратен до, Фредерика Могерини, Јоханес Хан и до министрите за надворешни работи за европски прашања на земјите-членки на ЕУ како неуспех се наведуваат одговорноста за нападот на 27 април во Собранието, реформите во судството и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и високото ниво на криминал откриени од незаконското прислушкување, реформата на службите за разузнавање и безбедност и реформата на јавната администрација.