Села се повлекува од лидер на Алијанса, но не и од политиката

„Би било неблагодарно од моја страна да се повлечам од политиката имајќи предвид дека имам поддржувачи кои стојат зад мене и зад партијата“, изјави претседателот во оставка на Алијанса за Албанците, Зијадин Села пред состанокот на партиското Централното собрание на кое ќе се избира нов лидер.

Тој вели дека ќе биде активен во политиката и таму каде што новиот претседател на партијата ќе побара од него.ТВ21