Села: По изборите создавање ново парламентарно мнозинство – почнуваме од понеделник!

„Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави во дебатната емисија ‘Клик Плус’ на ТВ 21 дека по изборите ќе има интерпеланција и ново стабилно парламентарно мнозинство.“ – јави ТВ 21.

ТВ 21 информираше: „Коалициските партнери на Заев нема да сакаат да одат со Заев на наредните избори, затоа што гледаат дека тоне. Тие имаат и сега пратеници. Ние ќе создадеме ново мнозинство.’ – посочи Села. На прашање на модераторот колку пратеници има Села истакна дека 12 има Алијансата на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ 44, а тоа се 56. На прашањето на модераторот на емисијата од каде уште пет пратеници Села одговори: ‘Ќе видите од понеделник.“

„На дополнителното прашање на модераторот дали ‘Левица’ е во комбинаториките лидерот на Алијансата рече: ‘Немам контакт со нив, ќе видиме. Ќе земеме пратеници можеби и од ДУИ. Од понеделник ќе започне процесот на собирање доволен број пратеници и создавање ново владино мнозинство!“

„Села посочи дека му е чудно му е што премиерот Зоран Заев е многу критичен кон него, а токму со негова помош станал премиер: ‘Зоран Заев е значително критичен со мене последно време. Чудно е, затоа што е со моја помош таму каде што е сега. Сега е во добри односи со ДУИ. Лани беа противници, а сега се заедно. Имаат коалиција со ДУИ за овие избори. Како одговор на тоа ние направивме соработка со ВМРО-ДПМНЕ.“

„Зијадин Села укажа дека премиерот Зоран Заев не дозволувал демократија во албанскиот политички блок, стегајќи ги ДУИ, кои се 20 години на власт: ‘Заев во 2015 година ни кажа демократија, затоа што 10 години нема промена на власта. Тој Заев денес не дозволува демократија кај Албанците, овозможувајќи една иста партија – ДУИ, да биде 20 години на власт. Албанците бараат демократија и таа ќе дојде.“ – извести ТВ 21 во врска со настапот на лидерот на Албанците Зијадин села во вечерашнава емисија „Клик Плус“.