Села: По 17-ти октомври можно ново парламентарно мнозинство

После локалните избори на 17-ти октомври, СДСМ и ДУИ ќе го загубат легитимитетот од граѓаните, оценуца лидерот на Алијанса на Албанците.

„Ново парламентарно мнозинство по изборите е можно, затоа што СДСМ и ДУИ ги губат изборите и со тоа губат секаков морален кредибилитет да продолжат да владеат со народот. Од нив власта ќе биде одземена со глас, на денот на локалните избори. И секако дека очекувањата на опозицијата се да има нова Влада, најави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села

Во рамки на изборната дебата во „Економски магазин“ на Алсат телевизија, Села оцени дека најавите на премиерот Зоран Заев за проширување на парламентарното мнозинство и евентуално отцепување на Алтернатива од коалицијата, ги опиша како страв на премиерот од губење на власта.

„Тој за да спречи празнење на владиниот базен, се обидува да каже дека ќе го полни уште повеќе. Јас не можам да зборувам за другите. Апсолутно јас немам право да зборувам во име на некој претседател на друга партија. Со Алтернатива ние имаме коалиција и никого не сме земале во заложништво“, истакна Села.