Во Македонија имало етничка дискриминација и затоа нема услови за предизборна коалиција помеѓу македонски и партии на Албанците, вели лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Тој денеска стави потпис на договорот за предизборна коалиција помеѓу Алијансата за Албанците и партијата Алтернатива.


„Нашето мото за изборите ќе биде ‘Држава за сите’. Сѐ додека во Македонија немаме држава за сите, сѐ додека институции од ЕУ кажуваат дека постои дискриминација на етнички план во Македонија, мислам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции“, вели Села.